Средбата на Дејвид Бекам и неговиот петгодишен обожавател со Даунов синдром се случила во средата, пред натпреварот на Интер Мајами против Синсинати. Хади, кој има Даунов синдром, бил гостин на клубот, а неговата мајка, инфлуенсерката Мелани Друбеј, споделила видео од нивната средба со Бекам.
На снимката се гледа како момчето влегува во соблекувалната и возбудено му приоѓа на поранешниот англиски репрезентативец. Бекам го пречекува со прегратка, а потоа двајцата си разменуваат „дај ми пет“. Поранешниот фудбалер го држи Хади за рака и му ги покажува просториите, вклучувајќи го и местото на кое седи Меси.
– Немам зборови. Само ми течат солзи. Да го гледам Хади како го запознава господинот Дејвид лично беше сè што можев да посакам и повеќе од тоа – напишала неговата мајка.
Таа открила дека момчето на почетокот било малку срамежливо, но брзо се опуштило по прегратката и поздравот со Бекам.
– Потоа станаа најдобри другари. Многу сум им благодарна на Дејвид Бекам и на неговиот тим што го овозможија сето ова – додава таа.
Но, изненадувањата за Хади не завршиле во соблекувалната. Тој добил можност да излезе на теренот пред натпреварот заедно со Лајонел Меси. По мечот, Бекам објавил неколку фотографии од средбата, на кои двајцата носат дресови со бројот 23 – бројот што Бекам го носеше додека играше за Реал Мадрид.
– Оваа вечер ќе остане во сеќавањето на сите нас во Мајами. Имавме многу посебен гостин, со најголемата насмевка и најтоплото срце. Им благодарам на мајката, таткото и браќата на Хади што ги споделија овие посебни моменти со нас. Господинот Дејвид беше многу среќен – напиша Бекам.
Натпреварот меѓу Интер Мајами и Синсинати заврши нерешено, но за Хади вечерта сигурно ќе остане запаметена по средбата со две од најголемите имиња во светскиот фудбал.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
