Славната манекенка и актерка Емили Ратајковски повторно се најде во центарот на вниманието откако на Инстаграм објави серија фотографии од летниот одмор во Грција. Меѓу нив се најде и фотографија на која позира целосно гола покрај морето, додека интимните делови од телото ги покрива само чаша со вино, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Објавата е дел од албумот со фотографии од нејзиниот одмор, на кој Ратајковски сподели и моменти од плажа, пловење со брод и дружење со пријатели. Манекенката носеше неколку впечатливи модели на бикини од сопствениот бренд „Inamorata“, а фотографијата од ноќното капење без облека стана најкоментираниот дел од објавата.
Ова не е првпат Емили да привлекува внимание со смели фотографии. Таа со години отворено зборува за тоа дека голотијата не ја доживува како табу и дека секоја жена треба сама да одлучува како ќе го претставува своето тело. Слични ставови изнесе и во својата книга „My Body“, во која пишува за модната индустрија, женската сексуалност и правото на личен избор.
Покрај успешната манекенска кариера, Ратајковски е актерка, авторка и претприемач. Таа го основаше брендот за костими за капење „Inamorata“, а неодамна најави и нова книга во која зборува за современите односи, мајчинството и животот по разводот. По разделбата со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Меклард, таа сама го воспитува синот Силвестер и често истакнува дека токму мајчинството целосно ѝ ги променило животните приоритети.
Нејзините фотографии редовно предизвикуваат огромен интерес, а секоја нова објава за кусо време собира милиони прегледи и илјадници коментари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
