Background

Електродистрибуција откри кражба на струја во Штип

Сервис за возила во Штип бил фатен во незаконско користење на електрична енергија, при што е утврдена штета од 150.610 денари за период од четири месеци, соопштија од Електродистрибуција.

Случајот бил откриен на улица Железничка во Штип, откако екипи од Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција – Штип, во координација со специјализираниот тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, извршиле теренска контрола.

Според компанијата, неправилностите се однесувале на трифазно броило сместено во мерен ормар, каде што биле констатирани скинати пломби и интервенции врз инсталацијата.

- Advertisement -
Ad image

Од Електродистрибуција објаснуваат дека биле извршени директни манипулации со броилото.

– Скинати пломби и премостување на проводници на една фаза за влез и излез на броилото – велат од Електродистрибуција.

Нелегалното користење, како што информираат од компанијата, се одвивало во периодот од јануари до почетокот на мај 2026 година, при што електричната енергија се трошела без соодветна евиденција и наплата.

По откривањето на случајот бил составен записник за неовластено користење, а против сторителите е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи, согласно член 235-а од Кривичниот законик.

Од Електродистрибуција е изготвена и фактура за надомест на штета во износ од 150.610 денари.

– Нашите екипи континуирано работат на откривање и спречување на неовластено користење на електрична енергија. Секој ваков случај се документира и се процесуира согласно законските прописи, со цел заштита на системот и фер однос кон сите корисници – рекоа од компанијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation