Русија започна бран воздушни напади преку ноќ врз украинскиот главен град Киев, при што загинаа најмалку две лица, вклучувајќи едно дете, соопштија локалните власти.
Воениот администратор на Киев, Тимур Ткаченко, изјави на Tелеграм дека се повредени и 18 лица. Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека меѓу жртвите има 12-годишно дете и 35-годишна жена.
Украинските медиуми објавија повеќекратни експлозии додека ракетите го погодија градот во неколку бранови.
– Штети на станбени и комерцијални згради беа пријавени во неколку области – рече Ткаченко, а службите за итни случаи спасиле дете од урнатините на оштетен станбен блок. Детето и мајката се на лекување.
Целосниот обем на штетата и жртвите остана нејасен додека нападите продолжија во раните утрински часови.
Издадени се предупредувања за воздушен напад и во други региони. Во Днепар, најмалку две лица беа убиени, а 27 повредени во ракетен напад, изјави гувернерот Олександр Ханжа на Телеграм. Петмина од повредените се во критична состојба, а неколку станбени згради се запалија.
Експлозии беа пријавени и во текот на ноќта во пристанишниот град Одеса, изјави гувернерот Олех Кипер на Телеграм. Руски напад со дрон претходната вечер погодил станбена зграда, при што загина најмалку едно лице, а шест беа повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
