Background

Една едноставна промена во исхраната би можела да го забави биолошкото стареење, покажува една студија

Нова студија открива дека промената во рамнотежата на намирниците во исхраната може да помогне во забавувањето на биолошкото стареење на телото за само неколку недели.

Научници од Универзитетот во Сиднеј спроведоа студија во која учествуваа 104 лица на возраст од 65 до 75 години. Учесниците беа поделени во четири групи, а во текот на четири недели, истражувачите на секоја група ѝ обезбедија различен тип на исхрана, пренесува „Science Focus“.

Една група добиваше полувегетаријански оброци богати со масти. Друга група добиваше полувегетаријански оброци богати со јаглехидрати. Третата група се придржуваше до мешана исхрана – која вклучуваше и храна од животинско и од растително потекло – богата со масти, додека четвртата група имаше мешана исхрана богата со јаглехидрати.

- Advertisement -
Ad image

На почетокот и на крајот од четиринеделниот период, се мереше биолошката возраст на учесниците – сеопфатна проценка на клеточната и метаболичката функција. Ова беше направено со помош на методот „Клемера-Дубал“ (Klemera-Doubal), кој зема предвид различни биомаркери и параметри, вклучувајќи ги нивоата на инсулин, холестеролот и крвниот притисок.

Најмалку промени беа забележани кај групата што се придржуваше до мешана исхрана богата со масти; нивниот внес на хранливи материи беше најсличен на она што го консумирале пред почетокот на студијата.

Сепак, сите други три групи покажаа намалување на биолошката возраст до крајот на четиринеделниот период. Најизразено намалување беше забележано кај групата што консумираше храна и од животинско и од растително потекло, со поголем внес на јаглехидрати и помал внес на масти.

Важно е да се напомене дека овие јаглехидрати биле минимално преработени; повторувањето на студијата со користење на купечки бел леб и кесичка чипс не би дало толку позитивни резултати.

Овие промени се „во согласност со претходните докази дека исхраната богата со сложени јаглехидрати може да го продолжи животниот век и да го подобри метаболичките здравје“, наведоа научниците во резултатите од студијата објавени во списанието *Aging Cell*.

Д-р Кејтлин Ендрјус, водечкиот автор на студијата, изјави дека истражувањето покажува како „исхраната навистина може значително да влијае на нашата физиологија, дури и во релативно кратки периоди и во подоцнежните години од животот“. „Мислам дека има голема смисла фокусот да се премести од ограничување на храната кон севкупниот квалитет и баланс на исхраната“, додаде таа. „Малите, реални и одржливи промени во севкупниот квалитет на исхраната сепак можат значително да влијаат врз здравјето како што старееме.“

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖