Големи постери со роденденски честитки за белорускиот лидер Александар Лукашенко осамнаа на клучни локации во Белград и Нови Сад, јави српска Нова.
На билбордите пишува:
„Среќен роденден, претседателе Лукашенко! Србија те сака!“, со потпис од десничарското движење „Наши“.
„Наши“ се познати по слични акции. Минатата година истото движење поставило билборди со пораката „Србија е со Лукашенко“, како поддршка за контроверзниот белоруски претседател кој владее речиси 30 години.
Иван Ивановиќ, лидерот на „Наши“, е потпишан на билбордите со роденденски честитки за Лукашенко.