Хју Грант откри дека е многу лош во кујната, и дека несвесно двапати го отрул семејството.
– Двапати го отрув семејството, им дадов црви. Недоволно подготвено пилешко. Беше темно. Месото беше на скара, користев термометар, но не можев добро да ја видам температурата. Послужив оброк – црви за сите. Сега моите деца ме молат да не готвам – изјави тој за британски Вог.
Актерот признава дека не е вешт во кујна, но мислел дека термометарот е доволно прецизен.
– Излезе дека не било.„Да научите како правилно да подготвувате храна е клучно, не само за вкусот, туку и за здравјето на вашето семејство – порача тој.
Грант откри и дека во една прилика, за време на вечера со неговата колешка Сара Џесика Паркер, тој самиот за малку ќе умрел.
– Сара ми кажуваше нешто толку фасцинантно што вдишав парче пилешко. Морав да одам во тоалет за да умрам сам. За среќа, лекар од Тексас ме спаси – изјави Грант за споменатиот медиум