Background

Двајца српски државјани се лишени од слобода откако системот „Безбеден град“ ги евидентирал како возачи кои на автопатот А1, на делницата низ тунелите меѓу Демир Капија и Гевгелија, возеле со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената

Двајца српски државјани се лишени од слобода откако системот „Безбеден град“ ги евидентирал како возачи кои на автопатот А1, на делницата низ тунелите меѓу Демир Капија и Гевгелија, возеле со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената. Едниот возел со 169, а другиот со 175 километри на час, иако на тој дел од патот максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Првиот случај бил откриен на 18 октомври, во 19:05 часот, на граничниот премин Табановце, на излез од државата. При проверка на „мерцедес“ со српски регистарски ознаки, полицајците утврдиле дека 36-годишната Н.З. од Србија преку системот „Безбеден град“ била евидентирана за кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“, според член 297-а од Кривичниот законик.

Неколку часа подоцна, во 22:45 часот, на истиот граничен премин бил лишен од слобода и 58-годишниот В.Ж. од Србија. Тој управувал „ауди“ со српски регистарски ознаки, а системот регистрирал дека на истата делница од автопатот А1 возел со 175 километри на час, на место каде што е дозволено најмногу 80 километри на час.

- Advertisement -
Ad image

Двајцата возачи биле спроведени во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖