Гувернерот Трајко Славески смета дека работниците кои ќе се пензионираат според вториот пензиски столб нема да можат да земат ниту најниска пензија.
Славески на својот Икс профил сподели интервју направено во 2024 година за емисијата „Трилинг“ во кое говори на тема втор пензиски столб и одговара на прашањето: Зошто тие што очекуваат пензија од вториот пензиски столб ќе бидат разочарани?
-Во 2030 година и 2032 година кога ќе почнат да се исплаќаат редовните пензии од вториот пензиски столб ќе видиме дека 70% до 80 % од лицата нема да можат да примат ниту минимална пензија. Така покажуваат актуарските податоци -вели Славески.
Тогаш, вели Славески, ќе треба да ги префрлиме овие пензионери во првиот столб за да земат нормална пензија.
Така, според него, е направено и во 2019 година кога се пензионирале првите граѓани од вториот столб.
-Владата на СДСМ, тогаш нечујно без да направи никакви промени во вториот пензиски столб префрли 16.500 нови пензионери главно со бенифициран стаж, земјоделци и други заедно со нивните средства издвоени во вториот столб , од овој столб во првиот пензиски столб – вели Славески.
Тој во интервјутo наведува повеќе причини зошто тоа ќе се случи, ако до овој период не бидат преземени некои реформски зафати во пензискиот систем.
Една од причините, според него, се и ниските приноси на приватните пензиски друштва од околу 3% до сега кои не обезбедат достојни пензии за идните пензионери.
-Доколку идните пензионери овие пари би ги чувале во банките би ги оплодиле повеќе отколку во овој пензиски столб – појаснува Славески.
За него проблематични се и инвестициските портфолија на друштвата кои главно ги инвестираат парите во државни обврзници како ниско ризични, но со мала добивка.
Проблем, според него, се и високите провизии кои им се плаќаат на приватните друштва што се црпат од идните пензионери.
Славески смета дека една од причините на дефицитот на државниот пензискиот фонд е токму одлуката една третина од парите на осигурениците со формирањето на вториот столб да се префрлат во приватните пензиски друштва од вториот столб.
Тој смета дека ова отворило транзициски дефицит во ПИОМ кој ќе се провлекува и чувствува речиси половина век. Ова, вели тој , ќе биде проблем ако не се реши во следниот период.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
