Речиси 9,5 милиони евра европски средства се изгубени поради неправилности во реализацијата на проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, соопшти Управата за финансиска полиција.
Поради случајот, до Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против странски државјанин со иницијали С.Г.О.Б., во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице.
Според Финансиската полиција, постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.
Истрагата покажала дека пријавениот бил должен да обезбеди важечка банкарска гаранција за проектот што се реализирал во рамки на ИПА II програмата на Европската Унија.
Според наводите на Финансиската полиција, тој не ја открил околноста дека азербејџанската банка „Муганбанк“, која ја издала гаранцијата, влегла во стечај, со што гаранцијата повеќе не била валидна.
Истовремено, како што се наведува во пријавата, биле ангажирани подизведувачи без претходно одобрение од Министерството за финансии и надзорниот орган, спротивно на договорните обврски.
Поради утврдените неправилности, договорот бил раскинат. Од Финансиската полиција велат дека со ваквите постапки била предизвикана штета на Буџетот на државата од 127,4 милиони денари.
Дополнително, Македонија останала без 9.474.132 евра од ИПА-фондовите на Европската Унија. Тоа значи дека средствата што биле предвидени преку европската програма сега ќе треба да се обезбедуваат од домашни извори.
Случајот е доставен до Обвинителството, кое треба да утврди дали ќе поведе понатамошна постапка против пријавените.
Tagged as:
5 милиони евра од ИПА фодновите Државата остана без 9
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
