Background

Државата има право да забрани коцкање, АПИС со манипулации брани незаконско работење

Здружението на организаторите на игри на среќа, АПИС, преку изјава на Илија Стоименов, повторно се огласи во врска со предлог Законот за игри на среќа, оценувајќи дека истиот содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби. Сепак, фактите покажуваат сосема поинаква слика, а голем дел од тврдењата на АПИС наликуваат на обична манипулација со јавноста, со цел да се одложи примената на правила кои одамна требало да важат.

Што всушност носи новиот закон, и зошто тој е добар за граѓаните

Новиот Закон за игри на среќа воведува повеќе мерки кои треба да заштитат граѓаните, особено малолетните лица и финансиски ранливите категории на население. Меѓу клучните новини се:

  • Воведување строга контрола на оддалеченоста на објектите за коцкање од образовните институции, со мерење по принцип на најбезбедна пешачка патека, а не по воздушна линија.
  • Воведување регистрација на играчите, со цел следење на однесувањето и спречување на прекумерно играње и зависност.
  • Зголемена транспарентност во работењето на операторите, вклучително и обврска за навремена исплата на добивки.
  • Построги казни за непочитување на одредбите, вклучително и за компании кои систематски доцнат со исплата на даноци.

Сите овие мерки се во насока на заштита на граѓаните, а не, како што тврди АПИС, кон нивно дискриминирање.

Биометриски податоци и отисоци од прст, прашање кое останува нејасно

- Advertisement -
Ad image

Едно од најспорните прашања во целата приказна е токму начинот на регистрација на играчите. Дирекцијата за заштита на лични податоци ,еднаш веќе се произнесе во врска со случај поврзан со казината во Гевгелија, оценувајќи дека земањето на отисок од прст и други биометриски податоци од граѓани, без законска основа, претставува класично прекршување на Кривичниот закон. Никој, а најмалку коцкарскиот бизнис, нема право да собира биометриски податоци на граѓаните без јасна правна рамка.

Токму затоа е нејасно зошто АПИС, наместо да побара јасни и законски усогласени правила за заштита на личните податоци на играчите, инсистира на тврдења за уставна спорност на одредби кои всушност треба да ги заштитат граѓаните.

Малолетници во казина и кладилници, уште една нотарна лага

Дел од јавните настапи на претставниците на коцкарската индустрија повторно ја пласираат тезата дека немало малолетници во казината и кладилниците. Ова е уште една нотарна лага, која веќе многупати била демантирана од граѓани и институции. Законот е јасен, потребна е дистанца од најмалку 500 метри од училишните објекти, мерена по најбезбедна пешачка патека, а не по воздушна линија, токму со цел да се намали можноста малолетни лица да доаѓаат во контакт со овие објекти.

Останува нејасно зошто АПИС инсистира на спорови околу нешто што законот веќе дефинира на прецизен начин.

Кога не сакаат да исплатат добивки, тогаш виновна е софтверската грешка

Чест случај во практиката е кога играчи кои треба да примат добивка наеднаш се соочуваат со изговор за софтверска грешка, по што следуваат и интервенции на обезбедување во самите објекти. Наместо да се решава ова системско проблем, фокусот на индустријата е насочен кон критикување на закон кој треба да воведе ред во овој сектор.

Поставува се и прашањето колку кладилници и казина редовно ги наплатуваат даноците однапред од играчите, а потоа со години наназад бараат репрограм поради неплатени даночни обврски кон државата.

Дали забраната на игрите на среќа е реално сценарио

Доколку владата на некој момент одлучи целосно да забрани игри на среќа во државата, по примерот на повеќе земји во светот кои веќе го направиле овој потег поради социјални и финансиски последици врз граѓаните, тоа не би претставувало противуставен чин. Регулирањето, ограничувањето, па и целосната забрана на одредени дејности кои носат ризик за јавното здравје и финансиската стабилност на граѓаните, спаѓа во редовните надлежности на секоја држава.

Заклучок

Наместо постојано да се пласираат тврдења за уставна спорност и дискриминација, коцкарската индустрија преку АПИС би требало да се фокусира на усогласување со законските одредби кои се донесуваат токму заради заштита на граѓаните. Законот е закон, и тој мора да се применува без исклучоци, без манипулации и без обиди за одложување на правила кои одамна требало да бидат дел од секојдневното работење на овој сектор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation