Background

Драматични предвидувања на британскиот Нострадамус за 2025 година

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе преживее уште еден атентат, предвидува британскиот автор и „јасновидец“ Крег Хамилтон-Паркер (70), познат како „новиот Нострадамус“.

Британецот кој точно ги предвиде настаните како Брегзит, пандемијата „Ковид-19“ и смртта на кралицата Елизабета Втора, јавно ги сподели своите предвидувања за 2025 година, најавувајќи година на значајни турбуленции во кралското семејство, но и на глобален план.

Хамилтон-Паркер предвидува смена на лидерот на лабуристите Кир Стармер, а Ивет Купер, која е на чело на Хоум офисот, ќе ја преземе функцијата привремен премиер на Обединетото Кралство.
Конзервативната партија ќе ја напуштат Борис Џонсон и Џејкоб Рис-Мог и ќе се преселат во Реформската партија, поради незадоволството од раководството на лидерката на партијата Кеми Баденох.

- Advertisement -
Ad image

На кралското семејство му претстои уште една тешка година. Хамилтон-Паркер предвидува дека принцот Хари и Меган Маркл ќе се разведат. Кралот Чарлс Трети и принцезата Кејт Мидлтон, кои боледуваат од рак, ќе се соочат со големи здравствени проблеми, но и кралицата Камила, која се бори со пневмонија.

Принцот Хари ќе се врати во Обединетото Кралство и ќе се смири со својот татко, кралот Чарлс Трети, иако тензиите со неговиот брат и престолонаследник, принцот Вилијам, ќе продолжат.

На меѓународен план, британскиот Нострадамус предвидува влошување на односите меѓу Трамп и Илон Маск. Тензиите меѓу Кина и Тајван, влошување на конфликтот меѓу Иран и Израел и напорите на САД да посредуваат во мирот меѓу Украина и Русија и Израел и Палестина исто така се дел од неговите предвидувања.

Хамилтон-Паркер предупредува дека немирите во Европа би можеле драстично да се зголемат, со протести и политички поместувања надесно низ целиот континент, особено во Франција.

На неговата листа на превидувања се и природните катастрофи. Тој најавува силен земјотрес во Јапонија, за кој вели дека ќе предизвика истекување на гас. Исто така, ја предвидува смртта на холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн познат по злоупотреби на актерки и нови скандали со познати личности во кои се вмешани луѓе како Па Диди.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation