Background

ДРАМА ВО ГЕРМАНИЈА, ВООРУЖЕН МАЖ ПУКАЛ ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИ И БИЛ УБИЕН

27-годишен маж бил убиен денеска околу 12 часот по локално време во центарот на Тутлинген, Германија, во престрелка со полицијата, потврди Државната криминалистичка служба (LKA). Напаѓачот претходно без никаква очигледна причина отворил оган врз полициските службеници.

– Обидите за реанимација, за жал, не успеаја – соопштија од „LKA“, која ја презела истрагата за случајот.

Полицијата засега не објави повеќе детали за инцидентот. Според очевидци, мажот најпрво бил забележан во зградата на општината како се движи со пиштол во раката. Вработените во градската управа веднаш ја повикале полицијата и се заклучиле во своите канцеларии.

- Advertisement -
Ad image

Кога мажот нешто подоцна излегол од општинската зграда, зад објектот, во улицата Хелферај, го пресретнала полициска патрола. Според портпаролката на „LKA“, 27-годишникот тогаш без предупредување пукал кон полицајците.

Околу 12:30 часот дошло до престрелка во која напаѓачот бил смртно ранет.

Сведоци велат дека се слушнале пет истрели. Една минувачка раскажала дека ги видела полицајците како на земја се обидуваат да го реанимираат мажот, објави германскиот портал „Schwaebische“.

Во моментот кога одекнале истрелите, ресторанот „Остерија“, кој се наоѓа во улицата Хелферај, бил полн со гости.

– Пукаше директно пред нашата тераса – изјавила сопственичката на ресторанот, Силке Д’Амико.

Таа веднаш ги оддалечила гостите од прозорците. Дури откако ситуацијата донекаде се смирила, тие се вратиле на своите маси.

Бидејќи улицата била блокирана, гостите морале да го напуштат ресторанот преку спореден излез што води кон холот на градското собрание.

– Среќна сум само што во тој момент никој не седеше на терасата. Полицијата ги легитимираше сите што беа во ресторанот. Сите сме во целосен шок. Ваква драма не се доживува секој ден – додала сопственичката.

И вработена во продавница за чаеви во улицата Хелферај раскажала дека ги слушнала истрелите во моментот кога една муштерија ја отворила вратата за да излезе.

– Веднаш се стуткав под пултот – рекла таа.

Потоа не излегувала од продавницата, туку чекала понатамошни инструкции додека улицата била целосно блокирана.

Зошто вооружениот маж се нашол во градот и поради што без предупредување ги нападнал полицајците, сè уште е предмет на истрага, соопшти портпаролката на „LKA“.

Таа нагласила дека напаѓачот не им се заканувал на минувачите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖