Background

Досега се откупени 10.000 тони оризова арпа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на оризот во кочанскиот регион, во делот на тоа како се откупува по која цена

Досега се откупени 10.000 тони оризова арпа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на оризот во кочанскиот регион, во делот на тоа како се откупува по која цена, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

-Знаете дека во делот на есенската жетва имаше можеби мали пореметувања со временските прилики, дождови, да речеме задоцнета жетва итн. Меѓутоа податокот, кој што го имам досега е дека се откупени над 10.000 тони оризова арпа. Го следиме процесот, сакам да упатам еден апел дека никогаш, посебно оризопроизводителите не биле оставени сами на себе, покрај другите земјоделски култури. Ако има потреба од дополнително секогаш би излегле во пресрет, за да го заштитиме нивниот труд и нивната работа – изјави Трипуновски.

Тој информира дека се откупени планираните 2.400 тони за стокови резерви и се сместени во капацитетите, кои се одобрени од Агенцијата за стоковни резерви.

- Advertisement -
Ad image

Што се однесува за проблемот на кочанските оризопроизводители со недостаток на семенски материјал за претстојната сеидба, Трипуновски рече дека Институот за ориз во Кочани веќе работи на производство на семенски материјал.

– Веќе оваа година, оваа сеидба ќе имаме први количини на семенски материјал, кои што ќе бидат употребени – рече Трипуновски.

Тој  жали што претходните власти не вложувале во овој Институтот, како и во квалитетот и квантитетот на земјоделското производство.

– Меѓутоа тоа што е, ние уште во првиот момент од нашето влегување во Министерството се заложивме ова да почне како процес. Инаку треба да знаете дека во делот на семепроизводство потребни се неколку години, за да добиете семенски материјал, кој што ќе биде дистрибуиран до самите земјоделци – рече Трипуновски.

Во тек е сеидбата на ориз во Кочанскиот Регион, а според планот за наводнување на АД Водостопанство „Брегалница“ годинава ќе се посеее ориз на површина од 4.000 хектари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation