Контроверзниот српски трап-изведувач Драгомир Деспиќ – Десингерица на 5 август треба да настапи на фестивал во Охрид, но неговото доаѓање веќе предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Во изминатите денови на интернет се ширеа објави од Црна Гора, во кои граѓани бараа Десингерица да не настапува во оваа земја, незадоволни од неговите сценски перформанси. Сепак, Десингерица настапи во Будва, и според новинските извештаи „ја ошишал половина Будва“.
Во меѓувреме, слични објави почнаа да се појавуваат и кај нас, каде што дел од корисниците на социјалните мрежи повикуваат неговиот настап во Охрид да биде откажан.
Последниот негов настап, кој предизвика лавина реакции во јавноста, се одржа во клубот „Ла Плаја“. Познат по екстремните сценски настапи, Десингерица среде концерт повика млад човек од публиката на сцената и со машинка почна да му ја бричи главата. По него, уште неколку момчиња доброволно седнаа пред него и беа избричени пред стотиците присутни.
Додека дел од публиката го оцени потегот како уште една провокација и дел од неговиот препознатлив сценски имиџ, други сметаа дека ваквите перформанси одамна ја преминале границата на добриот вкус.
Шишањето е само дел од неговиот репертоар. На концертите често плука кон публиката, ги полева посетителите со вода, ги удира со патика по главата и приредува различни провокативни потези што редовно предизвикуваат контроверзии. И покрај тоа, неговите настапи низ регионот најчесто се распродадени.
На тие критики Десингерица одговори дека не чувствува одговорност за туѓите деца.
– Дали лошо влијаам затоа што сум семеен човек, имам жена и дете? Затоа што имам добра кола и живеам како Бог? Јас би сакал моето дете да биде успешно како мене. Најважно е да имаш здраво семејство, а јас тоа го имам. Туѓите деца не се мој проблем. Јас правам музика за возрасни. Родителите нека си ги воспитуваат своите деца – изјави тој за српските медиуми.
Останува да се види дали реакциите на социјалните мрежи ќе имаат какво било влијание врз неговиот најавен настап во Охрид на 5 август.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
