Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски на неговиот портал Метеоаларм.
Максималните дневни температури на воздухот во делови од Македонија ќе достигнат 34, степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до 32 степени.
Целата прогноза на Поповски може да ја прочитате на следниот ЛИНК:
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
