Владата ја продолжува мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10% до 12 октомври, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Со мерките, како што посочува Димитриеска-Кочоска, Владата продолжува со заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија.
– Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги. Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните – објави на својот Фејсбук профил Димитриеска-Кочоска.
Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10% почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните.
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните цени на горивата што ќе важат во следните седум дена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
