Background

ДИ ВЕНС ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ГО ОТКАЖАЛ ЛЕТОТ ЗА ШВАЈЦАРИЈА

Откажувањето на средбите со Иран во Швајцарија во последен момент претставува сериозен удар за потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, кој во изминатите месеци стана главен промотор на договорот со Иран во администрацијата на Доналд Трамп.

Уште повеќе, тоа би влијаело на следните избори во 2028 година кога Ди Венс, би можел да се кандидира за претседател.

Тимот на Ди Венс во последен момент го откажал патувањето за Швајцарија, пишува Си-Ен-Ен. Одлуката била донесена толку ненадејно што неговиот персонал и група новинари веќе биле собрани во воздухопловната база Ендрус, подготвени за летот.

- Advertisement -
Ad image

Дел од американската делегација веќе пристигнала во Швајцарија.

„Логистиката на овие преговори никогаш не била едноставна или предвидлива. Во моментов, потпретседателот не заминува вечерва“, соопшти Белата куќа откако беа откажани разговорите кои биле договорени да се одржат 2 дена по потпишување.

„Не вреди ли да се проба?“

Според иранската агенција Тасним, Техеран сакал прво да види конкретни чекори од американска страна за спроведување на привремениот договор. Дополнителна неизвесност внеле и новите израелски операции во Либан.

Иако врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, формално го поддржал меморандумот, тој предупредил дека преговорите нема да бидат лесни.

– Ако американската страна премногу бара, ние нема да го прифатиме – порача Хамнеи.

Потпретседателот, кој долго време важеше за противник на американските воени интервенции, го претставуваше договорот како шанса за завршување на непопуларниот конфликт и за отворање нова страница во односите со Техеран.

– Луѓето велат дека Иранците никогаш нема да го променат своето однесување. Можеби е така, но не вреди ли да се проба? – изјави Ди Венс само еден ден пред откажувањето на разговорите.

„Најлошата грешка во последните години“

Неуспехот на мировниот процес веќе отвори политички прашања во Вашингтон.

Републиканските „јастреби“ жестоко го нападнаа договорот, обвинувајќи ја администрацијата дека му попушта на Иран. Сенаторот Бил Касиди го нарече „најлошата грешка во надворешната политика во последните децении“, додека сенаторот Роџер Викер оцени дека договорот е спротивен на целите на Белата куќа.

Курт Милс, близок сојузник на Венс, предупреди дека потпретседателот може да плати висока политичка цена ако процесот пропадне.

– Ако договорот не успее и ако стане голем неуспех, Венс ќе биде жртвено јагне – изјави Милс.

Дополнителен проблем за Венс е што целиот процес се следи и низ призмата на претседателската трка во 2028 година, во која тој се смета за еден од најсериозните кандидати во Републиканската партија.

„Ако не функционира, ќе го обвинам Џ.Д.“

И самиот Доналд Трамп на свој начин ја опиша ситуацијата.

– Ако функционира, јас ќе ги преземам заслугите. Ако не функционира, ќе го обвинам Џеј Ди – се пошегува претседателот на САД.

Во меѓувреме, Трамп остави и порака што многумина ја протолкуваа како предупредување до Техеран.

– Ако не се направи за 60 дена, во ред е. Се враќаме на бомбардирање – рече тој.

Разговорите требало да се одржат во Обирген, само два дена по потпишувањето на меморандумот со кој беше отворен 60-дневен рок за постигнување траен договор за иранската нуклеарна програма и за пловидбата низ Ормускиот Теснец.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation