Background

Џеј Ди Венс незадоволен од оцрнувањето на потпишаниот меморандум

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека некои членови на израелската Влада се обиделе да влијаат врз јавното мислење во САД и да создадат негативен став кон склучувањето мировен договор со Иран.

Венс оваа позиција ја изнесе во вчера емитуваната епизода од подкастот на популарниот американски водител Џо Роган.

Американскиот потпретседател, кого многумина го сметаат за потенцијален иден претседателски кандидат, и претходно упатуваше критики кон политиката на израелската Владa.

- Advertisement -
Ad image

Венс го поддржа претходно објавениот договор меѓу Вашингтон и Техеран за прекин на војната. Сепак, дел од критичарите во САД и во Израел го отфрлија меморандумот за разбирање, со образложение дека тој не ја ограничува иранската ракетна програма, не предвидува јасен пат кон затворање на нуклеарните постројки во Исламската Република и го ограничува Израел во војната против борците на Хезболах во јужен Либан.

– Знам дека несомнено има луѓе од израелската Владата кои се обидуваат, така да се каже, да нè одвлечат од оваа политика, бидејќи сакаат да продолжат со воената кампања – изјави Венс.

Тој додаде дека иако има „добри односи“ со некои членови на израелската Влада, „во нивниот систем има некои луѓе за кои знаеме без никакво сомневање дека манипулираат и се обидуваат да го променат американското јавно мислење, за да може војната да продолжи“.

Американскиот потпретседател истакна дека многу земји, сојузници и советници се обидуваат да влијаат врз американската политика.

– Тоа што Израел се обидува да дејствува на овој начин не ме загрижува. И искрено, не ме загрижува ниту фактот дека Русија или некои други земји го прават тоа – рече Венс.

Според него, „тоа е целосно природно за еден политички лидер во 2026 година“.

– Но, загрижен сум кога овие операции, овие кампањи за влијание, навистина влијаат врз американското политичко расудување – додаде тој.

Венс минатиот месец упати остри критики кон израелските противници на договорот со Иран, посочувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот сојузник на Израел.

Тогаш Венс нагласи дека САД обезбедуваат одбранбена помош за Израел во вредност од милијарди долари.

Високи израелски претставници, кои побарале анонимност, изјавиле дека договорот создава неповолни услови за Израел, бидејќи не ги опфаќа загриженостите поврзани со иранската нуклеарна и балистичка програма.

Прашан дали САД би се вклучиле во актуелната војна со Иран доколку немало влијание од Израел, Венс одговори: – Да, да, сметам дека би.

– Мислам дека без оглед на какво било влијание од страна на Израел, претседателот е силно убеден, а јас повторно се согласувам со тоа, дека Иран не треба да поседува нуклеарно оружје, изјави Венс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation