Џастин Бибер повторно се најде во центарот на вниманието, кога за време на Fanatics Fest 2026 во Њујорк, се испроба во пинг-понг против неколку познати спортисти и инфлуенсери, а снимките од неговите натпревари брзо станаа хит на социјалните мрежи. Најголемо внимание привлече неговата шеговита изјава дека е „супериорен“ играч и дека никој не успеал да го совлада.
Во еден од најинтересните дуели, Бибер одигра партија со Новак Ѓоковиќ, кој е познат како голем љубител на пинг-понгот. Пред мечот, Бибер самоуверено изјави дека е „супериорен играч во пинг-понг“ и дека „Новак го знае тоа“. Но, кога двајцата застанаа еден спроти друг, 24-кратниот гренслем шампион покажа дека и со рекет за пинг-понг знае како да победува. Ѓоковиќ го доби дуелот, а низ смеа призна дека не очекувал пејачот да биде толку добар противник.
Освен со Ѓоковиќ, Бибер ги одмери силите и со НФЛ-ѕвездата Одел Бекам Џуниор, кошаркарската легенда Кармело Ентони и уште неколку познати имиња од светот на спортот. Иако сè беше во ревијален дух, пејачот покажа дека пинг-понгот не му е непознат и дека знае сериозно да се снајде зад масата.
Fanatics Fest е еден од најголемите спортски и забавни настани во САД, кој секоја година собира врвни спортисти, музичари и актери. Посетителите имаат можност да гледаат натпревари, да учествуваат во интерактивни предизвици и да се сретнат со своите идоли. Годинава токму натпреварот меѓу Бибер и Ѓоковиќ беше еден од најсподелуваните моменти од фестивалот.
Tagged as:
ПОДОБАР ДУРИ И ОД НОЛЕ ЏАСТИН БИБЕР СЕ ФАЛЕШЕ ДЕКА Е СУПЕРИОРЕН ВО ПИНГ-ПОНГ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
