Background

Деветнаесетгодишниот У.О. од село Студеничани е приведен од страна на полицијата по тешката сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на локалниот пат меѓу селата Патишка Река и Осинчани, скопско, во која животот го загуби малолетна девојка

Деветнаесетгодишниот У.О. од село Студеничани е приведен од страна на полицијата по тешката сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на локалниот пат меѓу селата Патишка Река и Осинчани, скопско, во која животот го загуби малолетна девојка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 6 април околу 17:20 часот, кога се судриле две возила – „фолксваген голф“ управувано од У.О. и „мерцедес“ управуван од 29-годишниот Ф.А. од Скопје.

„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото ‘мерцедес’, која била пренесена во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’, каде подоцна им подлегнала на повредите. Лекар ја констатирал смртта, а телото е предадено на обдукција“, соопштија од МВР за медиумите.

- Advertisement -
Ad image

Покрај трагично починатата, повредени се и возачот Ф.А., 24-годишната Р.А. и уште една малолетна сопатничка, сите од Скопје. Повреди здобил и возачот на „голфот“, У.О., кој бил хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Деветнаесетгодишниот возач е лишен од слобода и се товари за кривични дела по член 300 став 2, во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

„По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation