Десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) зајакнува бидејќи владејачката голема коалиција меѓу христијанските демократи и социјалдемократите не успева да даде јасни одговори за имиграцијата и другите клучни прашања за гласачите, рече денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Таа истакна дека нема споредба со Италија, каде што нејзината десничарска влада всушност дава одговори на тие витални прашања.
– Сметам дека демократијата мора да се почитува, бидејќи не станува збор само за вредностите, туку и за односите со Европа – рече Мелони коментирајќи го подемот на АфД во германската покраина Саксонија-Анхалт, каде што партијата освои 44 проценти од гласовите и се подготвува да ја преземе власта.
Мелони, исто така, ги коментираше и различните ставови кои по тој повод ги изнесоа заменик-премиерот и лидер на партијата од десниот центар, Форца Италија Антонио Тајани и челникот на десничарската партија Лига, Матео Салвини. Тајани победата на АфД ја нарече „ужасна вест“, додека Салвини ја поздрави победата на германската крајна десница.
Според Мелони, не треба да се влече никаква паралела со Италија, бидејќи Германија има влада на голема коалиција која ги обединува партиите од десниот и левиот центар.
– Тоа се решенија кои, со оглед на тешкотиите во заземањето јасен став за прашањата кои се важни за граѓаните, на крајот го поттикнуваат растот на ваквите движења – наведе таа.
Мелони заклучи дека тоа не е случај во Италија која има влада на десниот центар и на десницата и која дава одговори, вклучувајќи го и прашањето за имиграцијата, токму прашањето на кое АфД оствари раст на попларноста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
