Денеска претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини, најавува Управата за хидриметеоролошки работи.
Преку денот времето ќе биде сончево, со мала, до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.