Повеќе од 550 лица се приведени на демонстрациите по повод 1 Мај во Истанбул, при што на одредени места дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а органите на редот употребија солзавец и водени топови, јавија турските и странските медиуми.
Според податоците на турското Здружение на правници, има најмалку 550 приведени на денешните демонстрации во Истанбул.
Претходно, весникот „Бирѓун“ објави дека вкупно 57 членови на турската левичарска Партија за народно ослободување биле приведени од полицијата при обид да одржат маршеви во областа на плоштадот Таксим (Бешикташ) и во блискиот истанбулски кварт Меџидијекој.
Снимките емитувани на опозицискиот канал Халк ТВ, исто така, го покажуваат претседателот на Турската работничка партија, Еркан Баш, како е испрскан со бибер-спреј.
– Оние на власт веќе зборуваат 365 дена во годината, па работниците нека зборуваат барем еден ден во годината за тешкотиите со кои се соочуваат – рече тој во говор на протестот кој оваа година се одржуваше под слоганот „Леб. Мир. Слобода“.
Весникот Хаберлер објави за други речиси 100 приведени во Меџидијекој и за употреба на солзавец и водени топови против демонстрантите таму. Медиумот истакна дека меѓу оние кои биле изложени на солзавец бил и претседателот на Турската работничка партија (ТИП), Еркан Баш.
Турските власти вчера воведоа 24-часовна забрана за секакви собири, прес-конференции и маршеви по повод 1 Мај во истанбулските квартови Бејоглу, Шишли, Фатих и Бешикташ, додека во областа на плоштадот Таксим беа воведени сериозни сообраќајни ограничувања.
Полициското присуство во реонот денеска беше засилено, а на многу места се поставени метални огради кои го ограничуваат движењето, забележува „Бирѓун“. Турската полиција употребила вкупно 35.000 камери за да ја контролира ситуацијата.
Истовремено, илјадници демонстранти учествуваа на митинг во истанбулскиот кварт Кадикој, во азискиот дел на градот, во кој се вклучи и лидерот на главната опозициска сила во Турција – Републиканската народна партија (ЦХП).
Демонстрации по повод Први мај беа одржани и во многу од останатите градови во земјата, но без тензии, јавија турските медиуми. Илјадници луѓе учествувале на марш во Анкара, организирани од различни синдикални организации. Денот на трудот беше одбележан и во југозападниот град Измир, како и во градовите Едрене, Бурса и Чорум.
Први мај, кој ги слави работниците и работничката класа, е проследен со силно полициско присуство секоја година во Турција, а голем дел од центарот на Истанбул околу плоштадот Таксим е редовно затворен. Минатата година, протестите се преселија во областа Кадиќој, каде што беа уапсени повеќе од 400 луѓе.
Инфлацијата во Турција официјално се проценува на 30 проценти, но според независни проценки, таа е поблиску до 40 проценти.
Во петок, на 1 мај, турската полиција испука солзавец и уапси десетици луѓе кои учествуваа во протестите за Денот на трудот во Истанбул.
Две групи беа посебно издвоени на европската страна од градот откако изразија намера да маршираат кон плоштадот Таксим, местото на бројни антивладини протести во минатото, кое беше блокирано од полицијата преку ноќ.
Турските медиуми, вклучувајќи го и опозицискиот портал BirGün, објавија дека се уапсени најмалку 57 лица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
