Тензии околу мобилизацијата избувнаа во украинскиот град Лавов. Десетици граѓани опколиле возило на Територијалниот центар за регрутирање и спречиле приведување на едно лице. Инцидентот предизвика остри реакции од украинските власти, кои најавија истраги и за постапките на воените службеници и за граѓаните кои ги попречувале.
Според официјалните информации, спорот започнал кога службеници за мобилизација идентификувале маж роден во 1996 година кој бил баран поради прекршување на правилата за воена регистрација. Тој подоцна бил однесен на воено-медицински преглед.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат десетици луѓе како го опколуваат возилото на службата за регрутација, скандирајќи „Срам!“.
Според очевидци, демонстрантите тврделе дека службениците се обиделе да приведат две лица. Едниот бил однесен, додека вториот останал на местото по реакцијата на насобраните граѓани.
На снимките може да се забележи и оштетено службено возило со издувани гуми и оштетен преден дел.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, порача дека нападите врз припадници на армијата се неприфатливи.
– Ако денес ги напаѓате војниците од сопствената армија, размислете кој ќе ве штити утре од непријателската армија – порача тој.
Слична реакција стигна и од Министерството за одбрана, кое оцени дека ваквите инциденти директно ѝ одат во прилог на Русија и ја поткопуваат одбранбената способност на Украина.
Регионалните власти во Лавов соопштија дека ќе бидат проверени сите околности околу случајот.
Ќе се утврдува дали граѓаните незаконски ги попречувале службените лица, но и дали воените службеници постапувале согласно прописите за време на мобилизациската постапка.
Украинскиот Генералштаб потврди дека е отворена и внатрешна проверка за постапувањето на припадниците на Територијалниот центар за регрутирање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
