Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими делегација од Истарската жупанија предводена од високи претставници од туристичко – угостителската дејност, Станислав Бришкоски и Езио Пинзан и парохискиот свештеник на МПЦ со служба во Риека, Дејан Белчовски.
Врските меѓу Охрид и Истра имаат цврсти темели преку воспоставеното пријателство со збратимениот град Пула и активна соработка со тамошното здужение на македонци „Св. Кирил и Методиј“ од Пула.
На средбата, двете страни заклучија дека само со конкретни проекти и идеи може да се подигне соработката на повисоко ниво. Фокусот ќе се става на клучните области за развој на Охрид како што е туризмот преку размена на искуства и промоции. Ќе се зајакнува соработката и во делот на образованието со поврзување на младите и институциите како и градската инфраструктура со примена на успешни европски модели.
Градоначалникот Пецаков подвлече дека локалната власт продолжува да работи на меѓународно етаблирање на Охрид како град кој ги негува старите и создава нови пријателства за подобра иднина на сите граѓани.
Tagged as:
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИСТРА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
