Background

Деформитетот на стапалото е корегиран со коска од починат донор

Уште една успешна трансплантација со коска од починат донор е извршена на Клиниката за ортопедија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, втора во изминатово деноноќие, соопшти Министерството за здравство. 

Трансплантацијата е извршена на 19-годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа. 

– Во минатото корекцијата на деформитетот се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект кој тешко се корегирал. Со користењето на коска од кадавер, оперативниот зафат трае многу пократко и не остава дефект на друго место кај пациентот, а и корекцијата е многу постабилна – соопшти Министерството. 

Екипата која ја изврши трансплантацијата ја предводеа проф. д-р Зоран Божиновски со анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска, заедно со средно-медицинскиот кадар Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска. 

– Експертизата и стручноста остануваат наш императив и силно сме фокусирани на нови методи и процедури во трансплантацијата – рече проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation