Background

Дебакл со историски размери, Македонија прими гол на секоја минута против Унгарија, ниту еден одговор

Ватерполо репрезентацијата на Македонија до 16 години доживеа понижувачки пораз од Унгарија со резултат 41:0 на турнирот Balkan Waterpolo Games 2026. Практично, на секоја минута од игра во мрежата на македонскиот тим влегувал по еден гол, а младите играчи не успеаа да дадат ниту еден, макар почесен погодок.

Резултатот сам по себе зборува повеќе од секој коментар, но вистинското прашање не е како се случи овој дебакл, туку колку долго уште ќе продолжи амaтеризмот во Македонската пливачка федерација да се прикрива зад пригодни изјави и прослави што немаат никаква врска со реалната состојба на теренот.

Додека соседите системски градат кадар, кај нас повторно останува отворено прашањето, каде беше министерот за спорт Борко Ристески, кој во јавноста често ветуваше крупни промени и резултати. Уште поранливо е податокот дека во тимот немаше ниту еден играч од Охрид или Струга, градови кои со децении се сметаат за расадник на пливачкиот и ватерполо спорт кај нас. Излегува дека народната изрека за жедните што не превезуваат преку вода одново си го наоѓа местото токму во македонскиот спорт.

- Advertisement -
Ad image

Пораз од ваков калибар не смее да падне на грбот на младите спортисти. Тие се последните на кои треба да им се бара сметка. Одговорноста е на системот, на федерацијата и на институциите што со години носат одлуки, трошат средства и не даваат резултати.

Прашањето повеќе не е дали ќе изгубиме уште еднаш со поразувачки резултат, туку до кога институциите ќе продолжат да се лажат себеси дека сме на вистинскиот пат.

Ако ни резултат од 41:0 не е доволен аларм за итна реакција, тогаш проблемот одамна не е само во ватерполото. Проблемот е во целиот начин на кој се управува со македонскиот спорт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation