Дали ќе се реши загатката за убиствата на Кенеди и Мартин Лутер Кинг?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на досиејата на американската влада за атентатите врз претседателот Џон Кенеди во 1963 година, неговиот брат Роберт Ф. Кенеди во 1968 година и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг истата година.

– Се ќе биде откриено – изјави американскиот претседател за новинарите додека го потпишуваше указот во Овалната соба на Белата куќа.

Трамп, исто така, потпиша извршна наредба за помилување на 23 лица обвинети од претходната администрација за учество во протести против абортусот.

-Тие лица не требаше да бидат кривично гонети – рече американскиот претседател, додавајќи дека му е чест што потпишал таков указ.

Трамп рече дека ќе поднесе жалба на одлуката на федералниот судија кој привремено суспендираше оспорување на државјанство по раѓање.

Share This Article