Background

Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште

Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште, порачаа стопанствениците од Македонија и Албанија на денешниот бизнис форум „Преку границите“, што се одржува во Скопје.

Тие укажаа на потребата од подобра поврзаност, добра инфраструктура и заеднички настап на трети пазари.

– Економската соработка е добра, но може да биде многу подобра. Имајќи ја предвид поврзаноста на двете држави, бројките се незадоволителни. Минатата година размената достигнала 180 милиони евра или зголемување од 40 милиони споредено со 2020 година. Во првиот квартал од 2026-та размената е 38 милиони евра. Ова е добро, но имајќи ја предвид поврзаноста на двете држави, тогаш овие бројки се незадоволителни и треба да бидат многу, многу повисоки. Чудно е како успеваме да тргуваме со Германија, Франција, Велика Британија, а не и меѓу себе, во регионот. Тоа мислам дека е сериозен предизвик – истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

- Advertisement -
Ad image

Според него, освен подобра поврзаност и подобра инфраструктура, на Македонија и Албанија им е потребна и промена на менталитетот.

-Ако нешто е произведено во Македонија или е нешто произведено во Албанија, а ги има сите потребни стандарди зашто веќе светот или барем овој развиен дел од светот јасно се стандардизираше, тогаш не гледам зошто размената да не е тука и да очекуваме истото да го добиеме од некоја друга држава за два, три или четири пати повисока цена. Да продаваме домашни или локални производи и размената да е во таа насока. Нашата задача, на двете влади и на бизнисмените, размената да биде во милијарди, а не во стотици милиони евра. Тоа е потенцијал што двете држави го имаат – порача Николоски.

Албанскиот амбасадор во земјава, Денион Мејдани, рече дека клучен предизвик за Македонија и Албанија е да ги засилат врските и да ја интензивираат соработката.

 

– Коридорот 8 е стратешки проект кој ги става нашите земји во европската транспортна архитектура. Патот кон просперитетот е повеќе доверба, повеќе инвестиции, енергија, заеднички проекти,… Албанија ја гледа Македонија како природен партнер. Работа на избор е дали ќе останеме на периферија или ќе бидеме дел од современите текови и ќе градиме добро соседство – рече амбасадорот.

Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, криминалците повеќе од бизнисмените ги користат „предностите” за поголема соработка.

– Срам да им е на бизнисмените, криминалците се пред нас. Да се обединиме, да ги затвориме дупките и да ги искористиме потенцијалите за јакнење на соработката, за зголемување на трговијата и размената – нагласи Азески.

Инвестициите, поврзаноста и туризмот, се во фокус на форумот што го организира Стопанска комора на Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Република Албанија. Најавени се три панели на овие теми,  а присуствуваат претставници на институции, инвеститори и деловни лидери од двете земји.

Како што беше речено, следниот форум се очекува да биде во Тирана.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation