Сезоната на финансиски извештаи во Северна Македонија заврши токму како што се очекуваше, со специфичен, интензивен ритам и трка со времето.
Законскиот рок за поднесување извештаи, последниот ден од февруари, одамна е зад нас. Во тој вртлог, CompanyWall Business, меѓународна бонитетна куќа на која доверба ѝ укажуваат стотици илјади компании ширум регионот, го стави под лупа работењето во Северна Македонија, каде што досега се објавени дури 75.329 извештаи. Оваа бројка не зборува само за административна активност, туку претставува еден од најпрецизните прегледи на работењето во земјата.
Според најновите податоци, во системот се регистрирани 6.412 блокирани фирми. Наспроти предизвиците, пазарот покажува сила и стабилност преку извонредните резултати на дури 603 претпријатија кои ја понесоа престижната AAA бонитетна оцена по длабинска анализа, разгледувајќи ги сите 20 бонитетни класи, што претставува 0,8 % од вкупниот број анализирани субјекти.

За аналитичарите, финансиските извештаи не се само формалност, туку јасен показател за кондицијата на економијата, кој успеал да ја одржи стабилноста, а кој работел под засилен притисок од трошоците.
Бизнис јавноста со големо внимание го очекува аналитичкиот пресек на состојбата. Првите анализи носат многу интересен увид и ги препознаваат микро и малите претпријатија како први што истапиле со поднесување извештаи за 2025 година. Таа нивна агилност, која им помогна да ги надминат претходните предизвици, повторно доаѓа до израз. За разлика од големите системи, чиј процес на поднесување се одвива со нешто побавно темпо поради комплексната структура, помалите компании побрзо го прилагодуваат своето работење.
Сите компании на листата на најуспешни за 2025 година , поседуваат висока AAA бонитетна оцена, што покажува дека паметното управување со ресурсите води до самиот врв. Лидерите според вкупните приходи и нето добивката во 2025 година покажуваат исклучителна сила на пазарот.
На првото место според досега обработените податоци на бонитетната куќа се најде ГОМАТИК увоз-извоз ДОО Куманово, кој остварил вкупни приходи од 352.986.677 денари и нето добивка од 115.500.432 денари.
Второто место го зазема АРКА ДОО Скопје, со вкупни приходи од 340.059.200 денари и нето добивка од 163.067.248 денари, а веднаш зад нив, БИЛДИНГ ДИЗАЈН ДОО Скопје работи со приход од 318.761.600 денари и нето добивка од 115.367.912 денари.

Бидејќи списокот од 603 компании е преголем за поединечно наведување, во продолжение издвојуваме репрезентативен пресек на оние кои остваруваат највисоки приходи и покажуваат исклучителна сила на пазарот, а подетални информации може да се најдат на платформата CompanyWall.
Кога ќе погледнеме во 2024 година, сфаќаме дека тоа не е само збир на бројки, туку вистински тест на издржливост кој ни помага целосно да ја разбереме денешната состојба на пазарот. Тешка и турбулентна, 2024 беше година во која гигантите го имаа главниот збор. Меѓутоа, токму поради својата големина и тромост, многу од тие системи потешко се справуваа со инфлаторните притисоци и растечките трошоци за труд, што доведе до притисок врз нивните маржи. Тоа беше време на „стегање на ременот“ во кое се искристализира кој има доволно сила да ја издржи кризата и да се прилагоди на строгите услови.
Овој контраст ни објаснува зошто во 2025 година на врвот се наоѓаат сосема поинакви играчи. Додека големите системи се бореа со товарот на трошоците, микро и малите претпријатија ја искористија агилноста како своето најсилно оружје, менувајќи правец како спринтери за да ги избегнат пречките. Сепак, титаните од 2024 година не можеме да ги заобиколиме, нивните приходи и понатаму се исклучително импресивни и остануваат потсетник за силата што ја покажаа во кризното време.
Како најголеми добитници во 2024 се издвојуваат ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ Скопје, кој остварил вкупни приходи од дури 117.808.652.288 денари, со нето добивка од 3.931.385.856 денари.
УСЈЕ, со стабилно работење во сегментот на производство на цемент, остварил приход од 6.390.781.952 денари и нето добивка од 1.893.170.688 денари, а водечкиот трговски синџир ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје остварил приход од 6.357.384.192 денари и нето добивка од 54.074.572 денари.

Коментирајќи ја анализата на работењето, од менаџментот на CompanyWall Business истакнуваат дека податоците за 2024 и 2025 година веќе јасно ја отсликуваат промената на ритамот на македонската економија.
„Додека големите системи во 2024 година, и покрај импресивните приходи, го почувствуваа товарот на инфлацијата и растот на трошоците, 2025 година ги истакна во прв план агилните и прилагодливи помали компании. И оваа година, по завршувањето на целосната анализа на македонската економија, на претприемачите и инвеститорите ќе им обезбедиме кристално јасен увид во сите промени на пазарот, со цел навремено да ги препознаат лидерите на новото време и да донесат сигурни деловни одлуки“, велат од оваа бонитетна куќа.
Додека повеќето гледаат само куп хартија за архивирање, аналитичарите во овие биланси ја читаат судбината на компаниите. CompanyWall Business ја претвора таа маса сурови бројки во кристално јасна мапа на пазарот, бидејќи информацијата денес е единствената валута што не губи вредност.
Во деловниот свет, каде што брзината на пристап до точни податоци ја прави разликата меѓу сигурна инвестиција и скап скок во непознатото, оваа база на податоци служи како економски патоказ или можеби компас. Секој внесен извештај е дел од мозаикот што ја открива иднината на македонската економија.
Во времиња кога повеќе не се опстанува по инерција, туку пазарните позиции се освојуваат со прецизни и навремени одлуки, токму овие податоци ќе направат разлика меѓу оние што го следат текот на пазарот и оние што го диктираат. Следете ја состојбата на CompanyWall Business и бидете во тек со најновите информации за движењата во македонската економија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
