Семејното насилство и натаму е сериозен проблем во земјава. Во последните 24 часа полицијата евидентирала вкупно 10 пријави за семејно насилство во повеќе градови низ државата, а четири лица биле лишени од слобода поради физички напади и закани кон членови на семејството.
Во Скопје, 34-годишна жена пријавила дека во село во општина Зелениково била физички нападната од нејзиниот 65-годишен свекор по претходна расправија.
На подрачјето на Карпош, полицијата го уапсила Д.К. (30) од Скопје, откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 33-годишна сестра и искршил дел од покуќнината во домот.
Во уште еден случај во главниот град, 39-годишна жена пријавила дека пред неколку дена во Кисела Вода била нападната од својот партнер А.А. (38).
Во радовишко село, полицијата привела 70-годишен маж кој, според пријавата, физички ја нападнал својата малолетна внука. За случајот бил известен јавен обвинител, а осомничениот бил задржан во полициска станица.
Во Велес, 63-годишен маж пријавил дека неговиот 37-годишен син му упатувал закани, додека 43-годишна жена од велешко пријавила дека била нападната и заплашувана од својот поранешен сопруг.
Насилство било пријавено и во Охрид, каде маж физички го нападнал својот 64-годишен татко во семејниот дом.
Во Гостивар, полицијата го уапсила З.Ѓ. (71), откако бил пријавен дека физички ги нападнал својот син и снаата.
Во Тетово, пак, бил приведен 72-годишен маж кој со тврд предмет ја нападнал својата 66-годишна сопруга.
Дополнителен случај бил пријавен и во тетовско, каде 70-годишник пријавил дека бил нападнат од својот зет во маркет.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
