Background

Четириесет и еден вработен во прилепската компанија „Микросам“ имале симптоми на труење со храна по оброкот што го конзумирале во понеделникот

Четириесет и еден вработен во прилепската компанија „Микросам“ имале симптоми на труење со храна по оброкот што го конзумирале во понеделникот. Нема хоспитализирани, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје кој заедно со Санитарниот и здравствен инспекторат и со Агенцјата за храна и ветеринарство направија увид и вонреден надзор и во компанијата и во фирмата која вршела кетеринг услуги и ја доставувала храната.

– Факт е дека станува збор за труење со храна. Оброкот го конзумирала првата смена во компанијата „Микросам“ во понеделникот, па потоа во текот на двата дена се појавиле симптомите. Изложени на труење биле 61 вработен од првата смена, а 41 досега ги покажаа симптомите на труење. Од нив 27 побараа лекарска помош на Инфективното одделение во градската болница. Сите ги анкетиравме. Сите имаат средна клиничка слика со покачена темература, мачнини, дијареа, болки во стомакот. Засега никој не е хоспитализиран, туку добиле терапија и се на домашно лекување – објасни епидемиологот Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Во меѓувреме е затворена кујната во кетеринг фирмата која ја доставила храната, како и трпезаријата во компанијата каде се конзумирал оброкот.

- Advertisement -
Ad image

Во Центарот за јавно здравје ги чекаат резултатите за видот и начинот на труењето

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation