Патнички воз излета од шините рано утринава во централниот дел на Пакистан, при што загинаа четири лица, а 30 беа повредени, соопштија полицијата и портпаролот на „Пакистански железници“.
Возот сообраќал од јужниот пристаништен град Карачи кон северозападниот град Пешавар кога излетал од шините во местото Шер Шах, во провинцијата Пенџаб, изјави портпаролот на железницата.
Спасувачките екипи извлекле четири тела и ги евакуирале повредените од 14-те вагони на возот, додаде тој.
Повредените се пренесени во болници.
Претседателот на Пакистан, Асиф Али Зардари, и премиерот Шехбаз Шариф изразија сочувство до семејствата.
Железничките несреќи се релативно чести во Пакистан, каде што железничкиот систем со децении се соочува со недоволни инвестиции и застарени пруги и системи за сигнализација, пренесува АП.
Во 2023 година, 10 вагони од патнички воз излетаа од шините во јужен Пакистан, при што загинаа 30 лица, а повеќе од 90 беа повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
