Бугарка која учествувала во најголемата измама со социјални давања во историјата на Велика Британија досега вратила само 18.000 фунти.
Тветка Тодорова (54) поднела илјадници лажни барања како дел од група измамници која ги оштетила даночните обврзници за дури 54 милиони фунти. Само таа од измамата заработила вкупно 263.514 фунти, а во мај 2024 година била осудена на три години затвор.
Измамничката била пуштена од затвор кон крајот на 2025 година, а на рочиштето за налог за одземање имот во јануари ѝ било наложено да врати 101.201,78 фунти. Сепак, Тодорова досега исплатила само 18.228,14 фунти, односно помалку од една петтина од сумата што ја должи.
Во јули го пропуштила рокот за враќање на парите, а на преостанатиот долг сега се пресметува камата. На прашањето зошто не ги вратила парите, Тодорова се пожалила дека е болна и одбила да коментира.
– Не сакам да разговарам за ова – му рекла на новинарот низ прозорецот на катот од нејзината куќа.
– Со мојата здравствена состојба, ова е веќе премногу. Никој не смее да доаѓа во куќата и да ме вознемирува поради што било. Во Велика Британија има многу вакви случаи, мојот трае веќе пет години и луѓето ме вознемируваат – додала таа.
Тодорова успеала да продолжи да прима социјални давања откако била пуштена од затвор. Таа заедно со сопругот се пријавила за „Universal Credit“, при што вели дека тој прима 1.300 фунти месечно.
Министерството за труд и пензии (DWP) започнало ревизија и дополнително соопштило дека Тодорова ќе мора да ги врати социјалните давања што ги примила по излегувањето од затвор.
Во претходно интервју од својот дом во Ерит, во југоисточен Лондон, Тодорова се фалела со начинот на живот што го финансираат даночните обврзници.
– Ми се допаѓа овде, добро ми е и ова ми помогна. Повторно примам социјални давања од 30 декември. Тоа ќе биде околу 200 фунти месечно. Немам право да работам. Мојот сопруг добива повеќе од 1.000 фунти месечно преку Universal Credit – рекла Тодорова.
Во друга изјава, Тодорова инсистирала дека британските власти тешко ќе можат да ѝ го запленат имотот бидејќи најголемиот дел се наоѓа во странство.
– Нашето место во Лондон е изнајмено. Имаме куќа со две спални во Бугарија, која обвинителството ја процени на 90.000 фунти, но не можат да ја допрат. Во брак сме и куќата е на име на двајцата. Мојот сопруг нема никаква врска со случајот.“
Сепак, таа сега тврди дека е „депресивна“ и дека страда од „висок крвен притисок поради овој случај“.
Како функционирала петгодишната измама
Тодорова и уште четворица Бугари – Галина Николова (40), Стојан Стојанов (29), Ѓунеш Али (36) и Патриција Панeва (28) – користеле лажни идентитети за да поднесуваат лажни барања за социјални давања во периодот од октомври 2016 до 2021 година.
Од јануари годинава, сите освен Али биле пуштени од затвор и се наоѓале на имиграциска кауција, чекајќи депортација.
Групата украла 6.000 идентитети за да поднесува барања за „Universal Credit“, а дури ги користела и имињата на деца кои живеат во Бугарија како дел од петгодишната измама.
Тие основале три „фабрики за социјална помош“ низ Лондон, каде што изработувале лажни договори за закуп, фалсификувани платни листи и лажни писма од станоиздавачи, работодавачи и матични лекари, со цел да го измамат Министерството за труд и пензии (DWP).
Групата била разоткриена дури откако бугарски полицаец ги предупредил британските власти за трендот криминалци во градот Сливен одеднаш да доаѓаат до големи суми готовина.
Според информациите, властите досега успеале да повратат околу еден милион фунти од групата и бараат дополнителен милион фунти. Тоа сè уште е само дел од 54-те милиони фунти што ги украле, пред парите да ги потрошат на луксузни автомобили, дизајнерска облека и скапи часовници.
Обвинителот Гарет Мандеј на рочиштето изјавил дека побараните суми се оние што властите можеле „реално да ги следат“, додека една од членките на групата признала дека префрлала „готовина во странство“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
