Background

БУГАРИЈА МОЖЕ ДА ЈА ЗАГУБИ ЕВРОВИЗИЈА ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА ВО ЦРНО МОРЕ

Бугарија, која следната година треба да биде домаќин на „Песна на Евровизија“ во Бургас на црноморскиот брег, би можела да ја загуби организацијата на музичкото натпреварување ако продолжи ескалацијата во Црно Море, кадешто во последните седмици беа погодени и потонаа повеќе бродови нападнати со подводни дронови, објави Бугарската национална телевизија (БНТ).

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе нови правила за „Евросонг“, кои ќе стапат на сила од 2027 година. Меѓу промените е и одредбата што овозможува домаќинството на натпреварот да се пренесе во друга земја, доколку вооружен судир, геополитичката ситуација или други околности претставуваат сериозна закана за безбедноста и стабилноста на земјата победник.

Одлуката е донесена по годишната ревизија на правилата и врз основа на повратните информации од членовите на организацијата. Овие правила ќе важат за 71. издание на натпреварот кое ќе се одржи во Бургас, Бугарија во мај 2027 година.

- Advertisement -
Ad image

Целта на овие промени е да се обезбеди поголема јасност за сите што учествуваат или се вклучени во „Евровизија“, како и да се придонесе настанот да остане безбеден и пријатен, истовремено зачувувајќи го неговиот дух и интегритет.

На „Евросонг“ во Бургас ќе учествува и Македонија, која во последните 4 години не учествуваше на натпреварот по своја одлука.

Од друга страна, досега 3 земји потврдија дека нема да учествуваат на Евросонг 2027 поради учеството на Израел: Ирска, Холандија и Исланд, а Шпанија и Словенија сè уште немаат донесено конечна одлука.

Ирската јавна телевизија потврди дека земјата нема да учествува, ниту ќе го емитува натпреварот, а како причини ги наведе загубата на човечки животи во Газа, хуманитарната криза и ограничувањата за независните меѓународни новинари. Холандската јавна радиодифузна организација ја смени претходната одлука за враќање на натпреварот. Образложението е дека учеството на Израел предизвикува поделби во општеството и дека ниту една холандска телевизија не презела одговорност за настапот. Холандија сепак ќе го емитува натпреварот. Мнозинството членови на управниот одбор на исландската телевизија РÚВ зазеде став дека земјата не треба да учествува ако на Израел му биде дозволен настапот.

Натпреварот ќе се одржи во Бургас на 11, 13 и на 15 мај 2027 година. Израел е на списокот на потврдени учесници, а Канада треба да дебитира.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖