Бубрег трансплантиран од генетски модифицирана свиња функционирал во телото на пациентот 271 ден, што е најдолгиот забележан период досега, објавија американските лекари.
Тим Ендрус рече дека трансплантацијата му дала „надеж“ и му овозможила да не оди во болница со месеци на дијализа, односно да ја филтрира крвта со помош на машина.
Тимот од болницата „Масас Џенерал Бригам“ вели дека нивната работа покажува дека свинските органи би можеле да послужат како еден вид „мост“ додека пациентот чека човечки орган да стане достапен за трансплантација, објавува Би-Би-Си.
Сепак, свинскиот бубрег на крајот престанал да работи и морал да се отстрани. Ендрус потоа повторно бил накратко на дијализа, сè додека не се пронајдел соодветен донатор.
Лекарите и научниците истражуваат ксенотрансплантација, односно употреба на органи од други видови, поради недостаток на човечки органи за трансплантација.
Во САД, околу 100.000 луѓе чекаат трансплантација на бубрег, додека само околу 25.000 вакви трансплантации се вршат годишно. Во Велика Британија има повеќе од 7.000 луѓе на листата на чекање за бубрег.
Србија воведува нова донаторска картичка, по промените во Законот за трансплантација на човечки органи.
На Ендрус му било кажано дека може да чека и до седум години за да се најде на врвот на листата, додека луѓето на дијализа живеат во просек околу пет години.
„Имав малку време… Станува многу депресивно“, рече тој.
Тој ја опиша идејата за трансплантација на свински бубрег како „надеж“ и „светлина на крајот од тунелот“.
„Надежта е најважното нешто, шанса да се симнете од апаратот за дијализа и да го живеете својот живот“.
Генетски модифицирани свињи
Свињите се сметаат за идеални животни за ксенотрансплантација. Нивните органи се приближно со вистинска големина, а луѓето имаат долгогодишно искуство во нивното одгледување.
Сепак, не е можно едноставно да се земе бубрег од обична свиња и да се трансплантира во човек. Човечкото тело веднаш би го препознало органот како туѓо тело и би предизвикало силен имунолошки одговор што би го уништил бубрегот.
Затоа истражувачите развија минијатурни свињи од Јукатан на кои беа направени 69 генетски модификации за да се направат нивните органи поприлагодени на човечкото тело.
Овие промени отстрануваат одредени карактеристики на свинските клетки што човечкиот имунолошки систем ги препознава и напаѓа.
Додадено е и парче човечка ДНК за да се помогне свинското ткиво да биде помалку откриено за имунолошкиот систем, додека дополнителни промени ги деактивираат вирусите скриени во свинската ДНК за да се спречат инфекции.
Ендрјус имал бубрежна болест во завршна фаза како резултат на дијабетес тип 2 и неговите бубрези откажувале.
Тој имал 66 години кога бил подложен на ксенотрансплантација на 25 јануари 2025 година.
Според податоците објавени во медицинското списание „Лансет“, трансплантираниот свински бубрег веднаш почнал да функционира.
Бубрегот работел 271 ден, сè додека не бил отстранет во октомври истата година. Тим потоа бил на дијализа 82 дена, пред да му биде трансплантиран бубрег од човечки донатор во јануари оваа година. Тој орган засега работи добро.
Д-р Леонардо Ријела од Центарот за трансплантациски науки при болницата „Масас Џенерал Бригам“ изјави дека недостигот на органи за трансплантација е „криза“.
„Работиме напорно за да обезбедиме надеж и навистина веруваме дека ксенотрансплантацијата може да биде алтернатива за пациентите кои немаат жив донор, каде што потенцијално би можеле да избегнеме дијализа сè додека не добијат орган за трансплантација“, рече тој.
Зошто бубрегот на свињата почна да откажува?
Имаше рани знаци дека имунолошкиот систем на Ендрус го отфрла органот, но ова беше успешно ставено под контрола со прилагодување на терапијата.
Сепак, по околу шест месеци, крвните садови во бубрегот почнаа да се оштетуваат, органот стана воспален, а потоа почна да откажува.
Сè уште не е сосема јасно зошто се случи ова, бидејќи немаше знаци дека антителата го напаѓаат бубрегот на свињата.
Во труд објавен во „Лансет“, лекарите заклучија дека овој случај ги покажува и потенцијалот и предизвиците што сè уште постојат кога станува збор за клиничка ксенотрансплантација на бубрег.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
