Background

Бројот на жртви порасна на 11, градоначалникот најави истрага

Бројот на загинати во пожарот во пензионерскиот дом во Тузла се зголеми на 11 лица, додека бројот на повредени на 35, известуваат хрватските медиуми. Индекс ја објави изјавата на градоначалникот на Тузла кој потврди дека меѓу загинатите кои биле сместени на седмиот кат на зградата биле и неподвижни лица и лица со деменција и со тешки болести.

Во сопствена анализа, Индекс го поставува прашањето зошто било дозволено овие лица да бидат сместени најдалеку од излезот на зградата? Индекс, повикувајќи се Кликс.ба, тврди дека во Тузла со години било предупредувано дека зградата е небезбедна.

Јавноста во Босна и Херцеговина е гневна поради фактот дека на горните катови биле сместени лица со тешки дијагнози, неподвижни, зависни од туѓа помош, се вели во анализата.

- Advertisement -
Ad image

Одлуката да бидат таму ја донела управата предводена од директорот Мирсад Бакаловиќ, член на СДП, која само пред неколку месеци, наместо да подобри услови, го поскапи престојот за 30%, тврди Индекс.

Притоа, уште во септември, се вели во текстот, советничката Драгана Гагро Берберовиќ од „Наша странка“ јавно предупредила на влажните ѕидови, недоволната храна и мобингот врз вработените.

Видео објавено на социјалните мрежи покажало како старите луѓе живеат меѓу мувла и понижувања. Наместо реакција – управата покренала постапка против неа.

„Ова не е медиумска сензација, туку прашање на достоинство и човекови права“, порачале тогаш од партијата.

Стравичниот пожар во домот во Тузла кој синоќа го потресе регионот се разгорел на седмиот кат од зградата.

– Во осум часот ќе се одржи вонреден состанок на Градскиот совет на Тузла, по што ќе следи состанок на градоначалникот и на цивилната заштита. По тој повод ќе планираме понатамошни активности, но откако истражните органи ќе го завршат својот дел од работата – изјави градоначалникот на Тузла за Кликс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation