Background

Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако руската фрегата „Адмирал Григорович“ испука предупредувачки истрели во правец на британска цивилна јахта која ѝ се приближила на околу 500 метри во Ламанш, јужно од островот Вајт

Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако руската фрегата „Адмирал Григорович“ испука предупредувачки истрели во правец на британска цивилна јахта која ѝ се приближила на околу 500 метри во Ламанш, јужно од островот Вајт, пренесоа денеска британските медиуми.

Според наводите на весниците „Телеграф“ и „Гардијан“, инцидентот се случил околу 20 наутички милји јужно од островот Вајт, надвор од британските територијални води. Во инцидентот немало повредени ниту материјална штета, а британските власти оценија дека станува збор за „изолиран инцидент“.

Портпаролот на британското Министерство за одбрана потврди дека се проверуваат информациите за настанот во Ламанш. Британската јахта го продолжила своето патување по инцидентот, додека патролен чамец од бродот на британската Кралска морнарица „HMS Tyne“ бил упатен кон пловилото за да собере информации и да ја провери безбедноста на членовите на екипажот.

- Advertisement -
Ad image

Инцидентот се случи два дена откако британските специјални сили за првпат пресретнаа и запреа санкциониран руски нафтен танкер од „флотата во сенка“, „Смиртос“, во Ламанш. Од октомври 2025 година, и француската воена морнарица спроведе четири слични операции против руски танкери, со цел да се намалат приходите од извозот на нафта со кои, според наводите на западните земји, се финансира војната во Украина. Сепак, воени извори изјавија за „Гардијан“ дека денешниот инцидент не е поврзан со пресретнувањето на танкерот во текот на викендот.

Русија вечерва потврди дека воен брод испукал предупредувачки истрели во Ламанш кон британска јахта „која опасно се приближувала“, јави ТАСС.

Руското Министерство за одбрана го потврди инцидентот, наведувајќи во соопштение дека екипажот на фрегатата „Адмирал Григорович“ во 12:45 часот по московско време забележал дека цивилната едрилица под британско знаме „Брајт Фјучер“ се приближува опасно блиску до бродот со вклучен мотор. Морнарите прво испукале ракети и дале звучни сигнали, но јахтата го продолжила својот курс кон фрегатата, доближувајќи и се на 150 метри. Командантот на рускиот воен брод потоа дал наредба да се испукаат предупредувачки истрели, по што британскиот брод веднаш почнал да се оддалечува. Никој не бил повреден.

„Екипажот на фрегатата ’Адмирал Григорович‘ дејствувал во строга согласност со меѓународните правила за навигација и ги презел сите потребни мерки за да спречи инцидент“, нагласи руското Министерство за одбрана.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation