Британската компанија Џонсон Мети (Johnson Matthey) официјално го заврши преземањето на американскиот производител на катализатори Корметех (Cormetech), со што создаде глобален лидер во контролата на стационарни емисии со продажба што се очекува да биде над 200 милиони фунти и оперативна маржа од најмалку средна стапка во 2026/27 година.
Вредноста на оваа аквизиција изнесува 360 милиони долари.
Предвидено е спојување на деловната единица „Clean Air Solutions” на Џонсон Mети и компанијата Koрметех кое се очекува да создаде глобален лидер во областа на контролата на стационарни емисии со значајно присуство на пазарот на дата-центри и вештачката интелигенција што бележи брз раст.
Со зајакнување на позицијата на групацијата на атрактивниот пазар со потенцијал за раст, Koрметех ја подобрува способноста на Џонсон Мети да обезбеди одржливо генерирање готовина и приноси за акционерите на долг рок.
Корметех е основана во 1989 година и е светски лидер во дизајн, производство и управување со животен циклус на катализатори за селективна каталитичка редукција (SCR) во САД. Нејзините технологии се инструментални во чистењето на воздухот од загадувачи и гасови што ги испуштаат индустриската, рафинериската, петрохемиската и инфраструктурата за производство на енергија, овозможувајќи им „доследно и ефикасно да ги исполнуваат стандардите за усогласеност“.
Корметех има значајно присуство на американскиот пазар за SCR и обезбедува решенија за над 400 клиенти, од кои 90% ги користат производите на Корметех повеќе од една деценија.
Џонсон Мети е светски лидер во металите од платинската група (PGM).
Групацијата 17 години работи и во Македонија. Неодамна, фабриката на Џонсон Мети во Македонија го произведе 170-милиониот производ, што претставува важно достигнување кое ја покажува континуираната извонредност на фабриката.


