Background

Брисел не сака кандидатите да соработуваат со негови ривали и непријатели

Европската унија ќе ја отвори својата огромна економија за земјите што чекаат да се приклучат во нејзините редови, под услов тие да се согласат да застанат заедно со блокот против непријателските држави и индустриските ривали, се вели во нацрт-предлогот на Европската комисија до кој дојде Политико. 

На земјите кандидати — од кои некои со децении чекаат да станат членки на ЕУ — ќе им биде понудена „постепена интеграција“ во единствениот пазар, вклучувајќи трговија без пречки и пристап до истражувачки програми, додека се работи на нивните апликации, се вели во нацрт-планот.
„Единствениот пазар е првиот приоритет за економска конвергенција“, стои во ревизијата на придобивките за „претпристапување“ што ќе им бидат понудени на земјите кандидати.
„Раната интеграција би отворила можности за бизнисите од Унијата, би ги зајакнала европските вредносни синџири и би ги намалила стратешките зависности. Комисијата ќе идентификува каде верификуваното регулаторно усогласување и капацитетот за спроведување дозволуваат подлабоко учество во истражувањето, иновациите и индустриската соработка, како и поширок пристап до пазарот. Приоритет треба да имаат можностите што ги унапредуваат подготовките за пристапување и ги задоволуваат заедничките економски и стратешки потреби“, пишува во нацрт документот 

Документот, надгледуван од главниот советник на Фон дер Лајен, Александар Адам, поранешен помошник на францускиот претседател Емануел Макрон, радикално би го променил пристапот на ЕУ кон земјите во нејзиното соседство. Во моментов, речиси сите економски придобивки од поблиската соработка се резервирани за членките, но ниту една нова држава нема пристапено по Хрватска во 2013 година.
Како дел од пакетот мерки на Адам, на Украина, Молдавија, Албанија и на Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“ дизајнирани за забрзување на процесот на зачленување во наредните години. Останатите, како Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Турција, се сведоци на одолговлекување на процесот, а растат и стравовите во ЕУ дека тие ќе се откажат или ќе гравитираат поблиску до Русија или до Кина.
Според планот на Комисијата, економските придобивки понудени на земјите кандидати ќе зависат од нивната поддршка за надворешно-политичките цели на ЕУ, при што пристапот до единствениот пазар ќе зависи од тоа тие да не споделуваат клучни технологии со непријателски држави и трговски ривали.
„Како што се продлабочува индустриската и пазарната интеграција, учеството во чувствителните сектори мора да биде придружено со соработка во скринингот на инвестициите, контролата на извозот, имплементацијата на санкциите и заштитата на чувствителните технологии“, се вели во документот.
„Проценките за пристап треба да го земат предвид стратешкото усогласување, критичните зависности и капацитетот за управување со ризиците за инфраструктурата и синџирите на снабдување. Онаму каде што тие услови не се исполнети, опсегот на учество треба да се прилагоди според важечкиот инструмент.“
Меѓу областите што се разгледуваат за поблиска соработка се полупроводниците, квантните технологии, биотехнологијата, вештачката интелигенција и вселената.
„Пристапувањето, сепак, бара време: земјите кандидати мора да завршат ригорозен процес заснован на заслуги и да испорачаат далекусежни и трајни реформи“, се вели во документот.„Тоа време треба целосно стратешки да се искористи за да се подготви Унијата за поголемо членство и да се продлабочи постепената интеграција во области од заеднички интерес. Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно (променливо). Пристапот треба да биде суспендиран или повлечен таму каде што е оправдано“, предупредува предлогот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖