Background

Братислава е домаќин на престижниот фестивал „Шер“

Во рамките на Интернационалниот фестивал „Share” во Братислава, Словачка, вечерва ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев” со продукции на Скопје танцовиот театар 2, во рамки на програмата на театарот за 2026та под наслов „Современи кореографи”.

Претставата ќе се одржи во рамки на изведувачката програма на фестивалот, на сцената „Театар – ЛАБ” на Академијата за изведувачки уметности во Братислава, а ќе бидат изведени две кореографии, продукции на Скопје танцов театар 2: „Трендинг апокалипса” (фрагмент), на кореографката Адријана Данчевска Ровчанин, и кореографијата „Сè уште гледам” на италијанската кореографка Џилда Цесарио, која беше гостин кореограф на Скопје танцовиот театар.

Ќе настапат: Надја Луканова, Нина Петрушевска, Ивона Маневска, Елена Терзиева, Теона Ѓуровска, Михалеа Колцунова, Миа Петровиќ и Марија Андовска, дипломци на УГД.

- Advertisement -
Ad image

Во рамки на фестивалот проф. д-р Рисима Рисимкин вчера го презентираше трудот „Современиот танц и нови технологии”, а денеска своја презенатција под наслов „Ритамот како кореографски генератор: Композиција на движење преку енергијата на рејв културата” ќе има доцент Адријана Данчевска Ровчанин, актуелна деканка на Катедрата за современ танц при УГД.

Интернационалниот фестивалот на танцови универзитети „Share” се оддржува од 9-13 јуни 2026, по шести пат во Братислава, Словачка, како платформа  на повеќе европски танцови академии и универзитети, и тоа: „Академијата за изведувачки уметности” во Братислава, Словачка; „Антон Брукнер” универзитетот од Линц и „Универзитетот за музика и уметност на Градот Виена” од Австрија; Литванската „Академија за музика и театар”; Конзерваториумскиот центар „Данкан” од Прага, Чешка; „Колеџот за циркуска уметност и современ танц” од Будимпешта, Унгарија; „Академијата за изведувачки уметности” од Прага, Република Чешка и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, Македонија.

Огромен број млади уметници, студенти и професори деновиве ги споделуваат своите искуства низ работилници и вечерни програми. Фестивалот „Share” се формираше во 2017 година, кога за прв пат се одржа во Братислава, Словачка, со цел да се постави платформа за соработка на млади европски современи танчери.

Во Братислава фестивалот се одржува секоја втора година, а во 2018 година, второто издание на „Share” се одржа во рамки на „Танц Фест” во Скопје и Штип, со учество на преку сто млади уметници и професори.

Од фестивалот произлегуваат голем број на соработки, меѓу кои е и проектот „Споделување танцови практики” на Ceepus програмата, кој се одржува во 2025-26, а ќе продолжи и во сезоната 2026-27 и кој овозможува поголема мобилност на студенти на повеќе европски танцови академии и универзитети, меѓу кои партнер во програмата е и Катедрата за современ танц при УГД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation