Сега е неговото време – време за бозелот.
Од цветовите се прават чај, сируп, па дури и ликер. Семејството бозел има околу триесет видови, а најкористени за лекување и за јадење се црниот (Sambucus nigra) и црвениот бозел (Sambucus racemosa). Сите негови делови се лековити, но најчесто се користат цветовите и бобинките. Употребата на бозелот е позната уште од многу одамна па се наведува дека Хипократ верувал дека може да ги замени сите лекови. Можеби не е баш така, но факт е дека бозелот е богат со супстанции кои придонесуваат за здравјето на луѓето
На пример, бобинките содржат алкалоиди, каротени, танини, органски киселини и витамини А, Б и Ц, додека цветовите се богати со гликозиди, танини, флавоноиди, каротени, рутин и витамин Ц. Се смета дека токму флавоноидите, моќни антиоксиданти, се во најголем дел заслужни за лековитите својства на бозелот.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.