Лидерот на бугарската ГЕРБ, Бојко Борисов го поздрави усвоениот Извештај за напредокот на Македонија за 2025 година од страна на Европскиот парламент, наведувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Македонија.
Според него, одлуката на ЕП потврдува дека обидите за заобиколување на договорите меѓу Бугарија и Македонија нема да се толерираат.
„Со својот глас, европратениците од сите групи јасно ставија до знаење дека злоупотребата на европските правила и договори нема да се толерира“, објави поранешниот бугарски премиер на Фејсбук.
Борисов се пофали дека по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година ГЕРБ одигра клучна улога во враќањето на европската перспектива на Македонија во 2022 година, кога беше договорен таканаречениот европски консензус.
„Благодарение на мнозинството што нашата парламентарна група им го обезбеди на тогашните владетели, Националното собрание ја усвои декларацијата во која јасно се наведени параметрите што подоцна станаа основа за договорениот компромис меѓу Брисел и Скопје. Во оваа смисла, нападот врз Вториот протокол кон Договорот за пријателство и добрососедство беше несоодветен и контрапродуктивен. Поради оваа причина, мило ми е што мнозинството европратеници категорично изјавија дека договорите мора да се почитуваат и дека ќе се спречат обиди за нивно заобиколување преку процедурални трикови“, објави тој.
Борисов нагласи дека бугарската позиција останува непроменета.
„Бугарите мора да бидат вклучени во Уставот на нашиот западен сосед, за да може да го почне својот суштински процес на преговори. За да продолжат овие преговори и Договорот за пријателство и добрососедство и сите негови протоколи мора строго да се спроведуваат, како што всушност е предвидено во европската преговарачка рамка. Сè друго ќе наиде на недоразбирање и широк институционален и јавен отпор, и во Бугарија и во Европа“, порача Борисов.
Tagged as:
Борисов потврди дека Софија ќе продолжи да ја блокира Македонија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
