Жителите на Алберта, канадската покраина богата со нафта на референдум го отфрлија планот за отцепување од Канада. Според неофицијалните резултати, опцијата за останување во Канада победи убедливо, освојувајќи повеќе од 75 проценти од гласовите.
Ова беше првиот референдум за отцепување во историјата на покраината. Тоа е голема победа за премиерот Марк Карни, кој се обидува да ја обедини земјата во услови на тековната трговска војна со Соединетите Американски Држави.
Референдумот не беше правно обврзувачки, а жителите беа прашани дали сакаат да останат дел од Канада или да го почнат правниот процес потребен за свикување обврзувачки референдум за отцепување.
Мнозинството граѓани гласаа за останување во канадската федерација, со што ја запреа иницијативата на сепаратистичките кругови кои повикуваа на обврзувачки референдум за независност. Иако гласањето вклучуваше десет прашања – од кои некои се однесуваа на имиграцијата и на овластувањата на покраината – клучното беше десеттото прашање, каде што гласачите одлучуваа дали Алберта ќе остане покраина на Канада или ќе почне уставно-правен процес кон целосно отцепување.
Канадскиот премиер Марк Карни, кој пораснал во Алберта, помина денови обиколувајќи ја покраината повикувајќи ги сограѓаните да го отфрлат сепаратизмот, предупредувајќи дека победата во опцијата за отцепување би била „опасен блеф“ што би предизвикал години економска неизвесност. Карни нагласи дека зачувувањето на канадското единство е клучно во време кога земјата страда од царински притисок од САД под водстви на претседателот Доналд Трамп и отворени закани за трговска војна.
Алберта има четврти најголеми докажани резерви на нафта во светот. Сепаратистичкото движење со години се храни од длабокото незадоволство на локалното население од властите во Отава. Многумина во покраината сметаат дека федералната влада ја попречува нафтената индустрија и ги фаворизира источните покраини како Онтарио и Квебек, особено за време на мандатот на поранешниот премиер Џастин Трудо, кого конзервативната премиерка на Алберта, Даниел Смит, отворено го издвои како главен виновник за поттикнување на сепаратизмот.
Иако самата Смит се залага за останување во Канада, таа го свика референдумот за да го затвори прашањето еднаш засекогаш во рамките на својата конзервативна база. Премиерот Карни, поранешен гувернерка на Банката на Англија, кој одблизу ги виде последиците од Брегзит, ги предупреди граѓаните да не ја повторуваат грешката на Велика Британија, во надеж дека со референдумот ќе испратат порака на протест до властите.
Референдумот се одржа и во сенка на сè поотвореното мешање од САД. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, претходно ја опиша Алберта како „природен партнер“ на Соединетите Американски Држави, додека технолошкиот милијардер Илон Маск јавно изјави дека и Алберта и Саскачеван треба да се отцепат од Канада. Карни остро одговори на ваквите пораки, велејќи му на Вашингтон да не се меша во внатрешните работи на Канада.
Овој исход од гласањето носи големо олеснување за федералната влада во Отава, но аналитичарите предупредуваат дека незадоволството на западот од земјата нема да исчезне преку ноќ и дека федералната влада ќе мора да најде начин да одговори на барањата на нафтениот сектор на Алберта на долг рок.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
