Финансиската полиција поднесе кривична пријава против К.Х., сопственик и управител на конфекциската компанија „Хелена ДООЕЛ“ од Василево, Струмица, поради сомнение за даночно затајување во вредност од над 6,1 милиони денари.
Како што информираат од Управата за финансиска полиција, К.Х. во периодот од 2019 до 2024 година свесно и со намера ја присвоил акумулираната добивка од 25.174.878 денари, намалувајќи ја основната главнина на фирмата и избегнувајќи пресметка и плаќање на законските давачки.
„Осомничениот не извршил отпис на застарени побарувања од купувачи во износ од 13.973.029 денари, а дополнително присвоил текстилни производи вредни 9.959.394 денари, без да ги евидентира во сметководствената евиденција како кусок. Со тоа, избегнал плаќање на данок на добивка и ДДВ во значителни суми“, информираат од Финансиската полиција.
Од Управата додаваат дека пријавениот пет години не поднел завршни сметки до Управата за јавни приходи (УЈП) и Централниот регистар, што дополнително ја прикрило незаконската активност.
„Со ова, пријавениот избегнал пресметка и уплата на данок на добивка во износ од 2.094.156 денари, како и данок од неотпишаните побарувања во висина од 1.397.303 денари. Дополнително, за неевидентираниот кусок на производи, не платил данок на додадена вредност од 1.792.691 денари и данок на добивка од 872.079 денари. Вкупно, Буџетот на Република Северна Македонија е оштетен за 6.156.229 денари“, нагласуваат од Финансиската полиција.
Случајот е предаден на Основното јавно обвинителство во Струмица, кое треба да одлучи за следните правни чекори.
Tagged as:
Бизнисмен од Василево не пријавувал добивка пет години
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
