Европа нема да финансира создавање на нови исламски структури во Сирија, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со лидерот Ахмед Ал Шара во Дамаск.
– Европа ќе ја поддржи Сирија, но нема да биде спонзор на нови исламски структури – потенцираше Бербок.
Таа додаде дека европската поддршка ќе продолжи само ако во политичкиот дијалог бидат вклучени сите сириски етнички и верски групи, вклучувајќи ги Курдите и жените.
Министерката изјави дека укинувањето на санкциите кон Сирија ќе зависи од понатамошниот политички процес.