Бен Афлек очајно и шокирано гледа во огнот кој голта сè пред себе во близина на својот дом

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холивудскиот актер Бен Афлек (52) го дочека неверојатна глетка кога се врати дома во западниот дел на Лос Анџелес.

Холивудската ѕвезда е видена како вози до својот изнајмен стан откако се раздели со сопругата Џенифер Лопез.

Папарацо фотографите го снимиле неговиот шокиран израз кога ги видел последиците од големиот шумски пожар кој голта сè пред себе.

Освен што уништи неколку домови во луксузниот кварт, пожарот предизвика и откажување на неколку холивудски премиери, вклучувајќи ја и промоцијата на последниот филм на неговиот поранешна сопруга Џенифер Лопез, филмот „Unstoppable“. Афлек е продуцент на филмот, заедно со неговиот најдобар пријател Мет Дејмон, но не е познато дали планирал да присуствува на премиерата.

Бен живее во комшилук со многу познати личности, како Том Хенкс, Рис Витерспун, Адам Сендлер…

Актерот Џејмс Вудс претходно, исто така, сподели видео од пожарот на својот Инстаграм профил и откри дека бил принуден да се евакуира.

Share This Article