Освен безбедносните теми и војната во Украина, на Самитот на НАТО во Анкара внимание привлече и изгледот на дел од државните лидери, откако експерти за протокол ги анализираа нивните модни избори.
Најмногу реакции предизвика албанскиот премиер Еди Рама, кој на средбата на лидерите се појави во темносин костум, но наместо класични чевли, носеше впечатливи бели патики.
Експертите за протокол оценија дека ваквиот избор на обувки не е соодветен за настан од највисок државен ранг. Иако дел од јавноста неговиот стил го поврза со минатото на Рама како професионален кошаркар, познавачите на дипломатскиот протокол сметаат дека тоа не може да биде оправдување.
Покрај Рама, критики доби и словачкиот претседател Петер Пелегрини. Според експертите, додека седел со прекрстени нозе, му се гледала голата потколеница над чорапите, што се смета за пропуст во машкиот протокол за свечени и државнички настани.
Чешкиот експерт за протокол Ладислав Шпачек оцени дека ваквите детали оставаат лош впечаток и не се во согласност со правилата на официјалниот дипломатски бонтон.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
