Background

Белата куќа вели нема рок, дали Вашингтон ги влече конците?

Примирјето во војната меѓу САД и Иран е продолжено, но без јасен рок, додека американскиот претседател Доналд Трамп наводно му дал на Техеран само неколку дена за договор, објавија американски медиуми.

Аналитичарите се обидуваат да ја дешифрираат стратегијата на Вашингтон. Постои очигледен расчекор меѓу официјалните изјави и медиумските извештаи.

Краток или неодреден рок?

„Аксиос“ и „Фокс њуз“, повикувајќи се на извори од Белата куќа, известуваат дека Трамп бил подготвен да го продолжи прекинот на огнот за уште 3 до 5 дена. Веста ја пренесе „Дојче Веле“.

- Advertisement -
Ad image

Во тој краток период од неколку денови, Иран наводно треба да се согласи за заеднички предлог за деескалација и завршување на конфликтот.

Овие извештаи сугерираат дека продолжувањето на примирјето било од почеток замислено како привремена мерка.

Сепак, самиот Трамп го негира тоа.

– Нема временска рамка и нема брзање – изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Тој додаде дека примирјето го продолжил „на неодредено време“.

Техеран молчи поради внатрешен конфликт?

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, нагласи дека временската рамка ја одредува исклучиво Трамп.

– Тој го одржува (примирјето) и великодушно нуди одредена флексибилност на режим кој е целосно извалкан – рече Ливит.

Според неа, причината за молкот на Техеран е внатрешен конфликт. Таа посочи на поделби меѓу прагматични и тврдокорни струи во иранското раководство.

– Претседателот Трамп сака еден единствен одговор – додаде таа.

Санкции за Иран, ураниумот останува проблем

Ливит истакна дека „Операција Економски бес“ продолжува.

Според неа, блокадата на иранските пристаништа и бродови е ефикасна.

– Ја задушуваме иранската економија – рече таа.

Таа додаде дека Трамп ќе ја заврши војната кога тоа ќе биде најдобро за САД. Белата куќа останува на ставот дека Иран мора да го предаде збогатениот ураниум.

Ова е клучен услов за крај на конфликтот.

Запленувањето бродови не е кршење на примирјето?

Во меѓувреме, Иран заплени два товарни брода во Ормускиот теснец. САД тврдат дека тоа не претставува кршење на примирјето.

– Ова не беа американски ниту израелски бродови, туку меѓународни – рече Ливит.

Таа додаде дека Иран се однесува „како група пирати“. Според неа, американските напади ја ослабиле иранската морнарица.

„Блокадата е поефикасна од бомбардирањето“

Трамп изјави дека блокадата во Теснецот е поефикасна од бомбардирањето на Иран.

– Тие се плашат од блокади повеќе отколку од бомби – рече шефот на САД.

Тој додаде дека блокадите имаат долгорочни последици. Според него, кога енергетската инфраструктура ќе пропадне, може трајно да остане нефункционална.

– Луѓето велат дека сакам да завршам поради изборите, тоа не е вистина – рече тој.

„Арагчи е паметен човек“

Трамп најави дека ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата. Тој не даде конкретен рок за крај на војната и нагласи дека нема брзање.

Истовремено, посочи дека преговорите ќе продолжат.

– Абас Аргчи е паметен човек – рече Трамп, осврнувајќи се на иранскиот министер за надворешни работи.

Тој додаде дека Арагчи ќе биде дел од иранската делегација во идните разговори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation